Дома Фудбал Италија Ди Канио со порака до Рома: Го донесовте најлошиот од најлошите

Ди Канио со порака до Рома: Го донесовте најлошиот од најлошите

Рома пред два дена на официјалната страница потврди дека од следната сезона римскиот клуб ќе го предводи Жозе Мурињо.

Мурињо пред неколку недели доби отказ во Тотенхем поради лошите резултати, но не чекаше долго да добие нова работа.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Рома испрати понуда до Мурињо да ги предводи од наредната сезона, а Португалецот веднаш прифати. Па така, Специјалниот после 11 години се врати во Серија А.

Навивачите на Рома се воодушевени што еден од најдобрите тренери на светот доаѓа на кормилото на нивниот тим и се надеваат дека Мурињо конечно ќе ја врати Рома во самиот врв на Серија А.

Меѓутоа, не се сите воодушевени од враќањето на Мурињо на Апенините. Поранешниот играч на Лацио Ди Канио му испратил гласовна порака на свој пријател кој навива за Рома, а истата брзо се најде и во јавноста.

„Го донесовте најлошиот од најлошите. Разбирам дека ви е потребно големо име сега, но тоа е исто да донесете играч кој ја завршил кариерата. Мурињо сака само работа со добра плата. Тој доби три откази во четири години и го отпуштија од сите клубови во кои работеше.“ – рече Ди Канио.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Аталанта го прегази Леверкузен за европска титула🎥

Тимот на Аталанта ја освои титулата во Лига Европа откако во финалето го надигра Баер Леве…