Дома Останати Кошарка Евробаскет Ѕвездашот Гудуриќ за еден милион евра ќе го облече дресот на Фенербахче

Ѕвездашот Гудуриќ за еден милион евра ќе го облече дресот на Фенербахче

Кошаркарот на Црвена звезда, Марко Гудуриќ, кариерата ќе ја продолжи во редовите на европскиот првак Фенербахче, потврдил првиот човек на белградскиот клуб Небојша Човиќ.

Човиќ утрово во утринската прогама на телевизијата „Пинк“ потврдил дека Гудуриќ ќе се пресели во Истанбул, каде игра неговиот поранешен соиграч Никола Калиниќ. Младиот бек во тимот ќе го замени сонародникот Богдан Богдановиќ, кој се пресели во НБА лигата, во Сакраменто Кингс.

Црвена звезда како отштета ќе добие еден милион евра и 20 отсто од нареднот трансфер на Гудуриќ.

„Постигнат е договор со Фенербахче, отштета е милион евра плус 20 отсто од следниот трансфер“, рекол Чoвиќ.

Гудуриќ е седмиот кошаркар кој го напушти шампионскиот тим на Црвена звезда во овој преоден рок. Претходно од тимот заминаа Лука Митровиќ (Бамберг), Марко Симоновиќ (Зенит), Чарлс Џенкинс (Химки), Стефан Јовиќ (Баерн), Нејт Волтерс и Дион Томпсон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Евробаскет

Проверете

Црвена Звезда ја совлада Ефес за прва победа во Евролигата

Црвена Звезда ја победи Ефес со 77:72 во Евролигата, обезбедувајќи ја првата победа оваа с…