Италијанскиот гигант Милан од летоска ќе има нов голман.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Реномираната Газета дело Спорт пренесува дека управата на Милан го договори трансферот на Мајк Мањан, 25- годишен француски голман кој брани во Лил, кој оваа сезона се бори за титулата.
Мањан оваа сезона има 43 настапи за Лил и со своите партии на голот го привлече вниманието не само на Милан туку и на други големи клубови. Мањан претходно беше во ПСЖ, кој во 2015. година за само милион евра го продаде на Лил.
Медиумите во Италија пренесуваат дека се уште не е познато колку ќе чини трансферот, но голманот наводно прифатил да потпише петгодишен договор со Росонерите.
Неговото доаѓање веројатно ќе значи и заминување на Донарума, за кој Мино Раиола на сите начини се обидува да му пронајде нова средина. Донарума е дете на Милан, но очигледно е дека порано или покасно ќе го напушти Милан.