Челзи и неговиот сопственик Роман Абрамович објавија отворено писмо во кое „длабоко жалат“ за одлуката да пристапат кон Суперлигата.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Навивачите Челзи веднаш тргнаа со жестоки протести, а за помалку од 48 часа откако објави дека се приклучува, Челзи се откажа.
„Сопственикот и управата разбираат дека тоа беше одлука која не требаше да ја донесеме и поради истата длабоко жалиме. После повлекувањето од Суперлигата разговаравме директно со разни навивачки групи за да го слушнеме нивниот став и грижа. Нашата амбиција секогаш била да го направиме Челзи најдобар клуб на светот, така и ќе продолжиме да работиме“, соопштија од лондонскиот клуб.
A letter to supporters of Chelsea FC.
— Chelsea FC (@ChelseaFC) April 23, 2021