Дома Фудбал Италија Во Интер вечерва ќе се стави точка на сите дилеми: Во главната улога Јоветиќ, Наинголан и Перишиќ?

Во Интер вечерва ќе се стави точка на сите дилеми: Во главната улога Јоветиќ, Наинголан и Перишиќ?

Валтер Сабатини вечерва оддржува неколку состаноци, а во прашање се тројцата фудбалери кои би можеле да ги завршат своите трансфери.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Некогашниот спортски директор на Рома, а сега главен човек за трансфери во редовите на Интер, Валтер Сабатини, вечерва во хотелот има неколку закажани состаноци.

Беше очи во очи со Алесандро Белтрами, менаџерот на Наинголан, фудбалерот на Рома, со оглед на тоа дека Спалети го сака него во својот тим.

Но, тоа не е се. Сабатини се состанува и со Рамадани, човекот кој е задолжен за Иван Перишиќ и Стеван Јоветиќ, фудбалерите на кои им се заминува од Интер.

Перишиќ би можел да замине во Манчестер Јунајтед, Интер бара 55 милиони евра за него, но дали ќе попушти вечерва останува да се види. Од друга страна пак, Јоветиќ се поврзува со Севиља.

Сепак, постои можност Стеван Јоветиќ да замине и во друг клуб, со оглед на тоа дека за него има доста заинтересирани страни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Скандал на Мундијалот: Име на забранета легенда во Турција се појави на стадион (Фото)

Фудбалската репрезентација на Турција доживе рано испаѓање на Мундијалот. По поразот од Ав…