Менаџерот на Лестер, Брендон Роџерс ги демантираше шпекулациите дека може да го наследи Жозе Мурињо на клупата на Тотенхем.
Роџерс има респект кон Тотенхем, но истакна дека е среќен во Лестер и има уште многу работа во тој клуб.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Тоа е фудбал, секогаш има шпекулации за секое слободни место кое ќе се појави. Тотенхем е фантастичен, огромен клуб, но јас сум фокусиран на Лестер. Имам уште многу работа на овој проект“.
„Додека имам енергија и сум среќен не гледам зошто би заминал во друг клуб. Не може да ги контролирате шпекулациите, но јас имам намера да продолжам во Лестер“, изјави Роџерс.