Распадот на Суперлигата предизвика голем потес во европските клубови кои беа основачи на овој проект.
Ливерпул беше еден од основачите на Суперлигата, но синоќа официјално потврди дека се повлекува, откако играчите и навивачите направија притисок.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Првиот човек на „црвените“ Џон Хенри преку видео порака јавно им се извини на навивачите и играчите за целиот хаос кој настана поради Суперлигата.
„Сакам да им се извинам на навивачите на Ливерпул за случувањата што ги предизвикав во овие 48 часа. Јасно е дека овој проект никогаш немаше да се реализира без поддршка на навивачите, но стана јасно дека ставот на сите фанови ширум Англија е идентичен. Во овие 48 часа стана јасно дека проектот е неодржлив“.
„Ве слушнавме. Јас ве слушнав. Сакам да им се извинам и на Јирген Клоп, на директорот Били Хоган, како и на сите фудбалери, на сите оние кои работат напорно за да ги направат нашите навивачи горди. Тие немаат апсолутно никаква одговорност за она што се случуваше. Пред повеќе од една деценија, кога дојдовме во Ливерпул, сонувавме соништа како вас, работевме многу за да го унапредиме клубот и нашата работа не е завршена. Се надевам дека ќе разберете дека и кога грешиме, тоа го правиме во интересот на клубот“, истакна Хенри.
John W Henry's message to Liverpool supporters. pic.twitter.com/pHW3RbOcKu
— Liverpool FC (@LFC) April 21, 2021