Дома Фудбал Англија Жестоки критики од Невил: Исфрлете ги сите и одземете им ги титулите!

Жестоки критики од Невил: Исфрлете ги сите и одземете им ги титулите!

Вистински бум во фудбалскиот свет предизвика вчерашната објава на 12 клубови дека се формира европска Суперлига.

Најголемиот дел од јавноста се противи на ваквата одлука на богатите клубови, со критики се огласија и повеќе поранешни фудбалери меѓу кои беше и Гери Невил.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Невил зборуваше за англиските клубови и ја повика Премиер лигата да ги исфрли од лигата оние што ќе учествуваат.

„Казнете ги веднаш, треба најстрого да се казнат! Големи парични казни, одземање бодови, одземање титули…Дајте ги титулите на Барнли и Фулам, Фулам нека остане тука. Исфрлете ги веднаш сите кои ќе учествуваат!“, порача Невил.

Милан, Арсенал, Атлетико Мадрид, Челси, Барселона, Интер, Јувентус, Ливерпул, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и Тотенхем, официјално прифатија да бидат дел од лигата, се чека да се види кои ќе бидат следните клубови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Видете го „лудото“ славје на „Граѓаните“🎥

Манчестер Сити ја освои титулата во Премиерлигата, која беше четврта по ред. Гвардиола ста…