Поранешниот менаџер на Арсенал, Арсен Венгер уште во 2009 година очекувал да се формира нешто како денешната Суперлига која од вчера официјално ја потврдија 12 клубови.
Венгер тогаш во изјава за „Гардијан“ посочува дека парите кои доаѓаат од Лигата на шампионите со тек на време за клубовите нема да бидат доволни, а токму финансиите се главната причина што најсилните клубови се одлучија да се отцепат од УЕФА.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Од сега за 10 години очекувам да има Европска лига…Парите кои доаѓаат од Лигата на шампионите со тек на време за дел од клубовите нема да бидат доволни“, изјавил Венгер во 2009.
Секој клуб само за учество во Суперлигата ќе добие 350 милиони евра што е четири пати повеќе од сумата која ја Баерн Минхен минатата година ја заработи со освојувањето на Лигата на шампионите.
Милан, Арсенал, Атлетико Мадрид, Челси, Барселона, Интер, Јувентус, Ливерпул, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и Тотенхем, засега се клубовите кои официјално прифатија да бидат дел од лигата, се чека да се види кои ќе бидат следните клубови.