Дома Фудбал Дали има место за паника? Реал замина на припреми без Роналдо

Дали има место за паника? Реал замина на припреми без Роналдо

Актуелниот европски шампион Реал Мадрид откапува на припреми во САД, а интересно е дека во авионот ја немаше првата ѕвезда на тимот, Кристиано Роналдо.

Веќе долго време се шпекулира дека Роналдо би можел да го напушти Реал Мадрид ова лето, а фактот што Португалецот не отпатува на припреми, додатно ги разгоре шпекулациите во Шпанија.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Вистина е дека Роналдо доби подолг одмор од страна на тренерот и раководството, но сепак се очекуваше да настапи на Интернационалниот куп на шампиони.

Зидан во Лос Анџелес отпатува со 26 фудбалери, кои ќе имаат тешки контролни натпревари за време на припремите пред стартот на сезоната.

Противници на „кралевите“ во САД ќе бидат Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, МЛС ол-стар тимот и најголемиот ривал Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шпанците го изнервирале Алонсо – го прашаа за можниот наследник!

Реал Мадрид во недела со почеток во 21 часот ќе се соочи со Алавес во рамките на 16-то кол…