Дома Фудбал Останато УЕФА ќе го прогласи ПСЖ за шампион во ЛШ?

УЕФА ќе го прогласи ПСЖ за шампион во ЛШ?

Од вчера вечер главна тема во јавноста е формирањето на новата Суперлигата, 12 европски клуба практично се отцепија од УЕФА и ФИФА и си формираа приватна лига во која ќе имаат многу поголеми приходи.

Милан, Арсенал, Атлетико Мадрид, Челси, Барселона, Интер, Јувентус, Ливерпул, Манчестер сити, Манчестер јунајтед, Реал Мадрид и Тотенхем, официјално прифатија да бидат дел од лигата, се чека да се види кои ќе бидат следните клубови.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Сите клубови кои ќе настапат во Суперлига практично кажале збогум на ЕКА (Европската клупска асоцијација). УЕФА неколку пати порача дека сите кои ќе настапат во таа Суперлига ќе немаат дозвола за настап во Лигата на шампионите и Лигата на Европа. Освен тоа се најавува дека клубовите би можеле да бидат суспендирани и во домашните шампионати, а на играчите на клубовите нема да им биде дозволен настап и на Европско или Светско првенство. Сетоа ова може да донесе невиден хаос во европскиот фудбал.

Не е исклучено УЕФА веднаш да почне со санкциите, а ако тоа се случи најмногу ќе профитира ПСЖ.

Од сите останати учесници во Лигата на шампионите само ПСЖ не е помеѓу потпишаните клубови што значи дека тие автоматски би биле нови шампиони. Слични санкции во Лигата на Европа може да претрпат Арсенал и Манчестер Јунајтед, таму би останале Виљареал и Рома кои не се дел од Суперлигата

Повеќе за форматот на Суперлигата прочитајте – тука.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

ПСЖ спрема понуда за Зидан

Поранешниот тренер на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, би можел да го замени Луис Енрике на кор…