Дома Фудбал Oфицијално: Флик го напушта Баерн!

Oфицијално: Флик го напушта Баерн!

Tренерот на Баерн Минхен Ханси Флик и официјално си заминува.

Германскиот стратег за неговата желба го информирал клубот уште во средата, а денес им соопштил и на фудбалерите.

„Ќе го прекинам мојот договор ова лето. За мене беше важно тимот да дознае, управата на клубот ја информирав уште по елиминацијата од ПСЖ“, изјави Флик за „Скај“.

Флик во Баерн дојде во ноември 2019 година како замена за Нико Ковач и со германскиот гигант успеа да освои се: Бундеслигата, германскиот куп, Лигата на шампионите, УЕФА Суперкупот, германскиот Суперкуп и Светското клупско првенство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Го остави Марадона дома и ја одведе Аргентина до првата светска круна

Сезар Луис Меноти не попушти пред критиките поради изоставувањето на 17-годишниот Марадона…