Eкипата на Барселона утре ќе има шанса да го освои својот прв трофеј оваа сезона, а противник во финалето на Купот на кралот ќе им биде Атлетик Билбао.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Пред финалниот натпревар во Севиља на новинарите им се обрати тренерот на каталонскиот гигант, Роналд Куман кој најави напаѓачка игра на Барселона.
„Билбао е добар тим. Не победија во финалето на Суперкупот и утре ќе мора да бидеме многу подобри во движењето без топка. Знаеме како треба да играме против нив, започна Куман на прес конференцијата па продолжи:
„Во јануари ситуацијата внатре во тимот беше многу полоша. Многу напредувавме од тој момент. Ќе се обидеме да доминираме на теренот, да играме посилно во одбраната и со многу повеќе енергија“.
Новинарите ги интересираше и иднината на Куман.
„Не размислувам на тоа без разлика дали ќе победиме или изгубиме. Разговарав со Лапорта и имам доверба. Чудно ми е што морам да одговарам на вакви прашања после 19 натпревари во кои немавме пораз. Зарем за еден пораз да добијам отказ?“, запраша Куман.
Натпреварот помеѓу Атлетик Билбао и Барселона се игра утре со почеток од 21:30 часот.