Дома Фудбал Бензема на чекор до нов договор со Реал Мадрид

Бензема на чекор до нов договор со Реал Мадрид

Голгетерот на Реал Мадрид, Карим Бензема е на добар пат да потпише нов договор со „кралевите“, пренесува „Марка“.

Актуелниот договор на Бензема истекува следната сезона, но се очекува до крајот на сезоната да стави потпис на нов договор до 2023 година.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


Така во клубот ќе ја запазат политиката на играчите над 30 години да им ги продолжуваат договорите само за една сезона.

Во случајот со Бензема ќе го направат тоа сега, за да ја избегнат ситуацијата која ја имаат со Серхио Рамос, Лукас Васкез и Лука Модриќ.

Преговорите со Бензема течат во добра насока и се очекува Французинот многу брзо да стави потпис на новиот договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Огорчениот татко на Јамал изразува незадоволство по изборот за Златната топка: “Се случи нешто необично”

ТАТКОТО НА БАРСЕЛОНСКАТА ѕвезда Ламин Јамал (18), Мунер Насрауи, не го криеше своето разоч…