Натпреварот помеѓу Вулверхемптон и Шефилд кој беше закажан за во сабота попладне е презакажан за во вечерниот термин затоа што се поклопувал со погребот на принцот Филип.
Дуелот помеѓу овие две екипи требаше да се игра од 16:00 часот, но од почит кон принцот Филип, чиј погреб е во сабота попладне и ќе се пренесува во живо овој натпревар е презакажан за терминот во 21:15 часот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Треба да се спомене и дека саботните натпревари од пониските лиги кои се играат во 16:00 часот по наше време се презакажани за други термини.