Дома Фудбал Англија Евертон го купи за 25 милиони евра, се врати по 19 месеци од повреда и повторно се повреди

Евертон го купи за 25 милиони евра, се врати по 19 месеци од повреда и повторно се повреди

Играчот за врска на Евертон Жан-Филип Гбамин се повреди во минатонеделниот натпревар против Кристал Палас кој заврши 1:1.

Гбамин во Евертон дојде во 2019 година од Мајнц за 25 милиони евра.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Требаше да биде засилување, но поради тешките повреди на мускулите и Ахиловата тетива во првата сезона настапи само два пати за Евертон.

После 19 месеци долго оправување минатата недела се врати на теренот. Анчелоти во игра го стави во 79. минута место Хамес Родригез и натпреварот го одигра до крај. Сепак, вчера Гбамин го немаше против Брајтон, а италијанскиот стратег објасни дека на тренингот претрпел нова повреда и дека за него сезоната е скоро завршена.

Гбамин има 25 години, но ваква серија на повреди сериозно би можела да ја загрози неговата фудбалска кариера.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Готово: Лампард се договорил со новиот клуб!

Поранешниот фудбалер и денес тренер, Френк Лампард наскоро би требало да биде промовиран н…