Дома Фудбал До оваа сезона никој не знаеше за него, а сега Барса го проценува на 400 милиони евра

До оваа сезона никој не знаеше за него, а сега Барса го проценува на 400 милиони евра

Младиот фудбалер на Барселона, Педро Гонзалез Лопез или познат како Педри ја игра својата прва сезона во Барселона и прилично импресионираше.

Има само 18 години, но оваа сезона одигра 30 натпревари во сите натпреварувања. Брзо ги освои симпатиите на навивачите, кои веруваат дека заедно со Ансу Фати ќе бидат иднината на клубот.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Барселона летото 2019. години го договори неговиот трансфер за само пет милиони евра од Лас Палмас, а моменталниот договор со Каталонците е со важност до 2022. година. Меѓутоа, Барса има опција односно клазула која може да ја активира за дополнителни две сезони.

Шпанците ќе му понудат комплетно нов договор до летото 2026. година, а неговата откупна клазула ќе биде неверојатни 400 милиони евра.

Со оглед на оваа цифра, од Барселона процениле дека се работи за неверојатен талент и играч кој ќе има голема кариера.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Атлетико Мадрид премина во сопственост на Американци!

Шпанскиот Атлетико Мадрид објави дека од следната година мнозинскиот сопственик на клубот …