Дома Останати Кошарка Спектакуларна партија на Кари против Денвер, Лејкерси повторно разочараа

Спектакуларна партија на Кари против Денвер, Лејкерси повторно разочараа

Актуелниот НБА првак ЛА Лејкерс синоќа повторно ги разочараа своите навивачи со поразот од Њујорк Никс со 111:96.

Лејкерси добро го отворија натпреварот и после првиот дел водеа со 28:26, но потоа Никси го имаа главниот збор на паркетот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Екипата од Њујорк успеа да дојде до пресврт во продолжение и на крајот успеа да слави со убедлива победа од 15 поени разлика.

Никси до победата ги предводеше Рендл со 34 поени, десет скокови и четири асистенции. Во екипата на Лејкерс се истакна Денис Шредер со 21 поен, три скокови и шест асистенции.

Интересен натпревар одиграа Голден Стејт и Денвер. На крајот славеа Вариорси со 116:107 на крилјата на Стеф Кари.

Тој одигра неверојатен натпревар кој го заврши со 53 поени, шест скокови и четири асистенции.

Резултати:

Далас – Филаделфија 95:113
Њујорк – ЛА Лејкерс 111:96
Орландо – Сан Антонио 97:120
Мемфис – Чикаго 101:90
Њу Орлеанс – Сакраменто 117:110
Јута – Вашингтон 121:125
Голден Стејт – Денвер 116:107
Феникс – Хјустон 126:120

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Леброн се огласи по најавите дека го одиграл последниот натпревар за Лејкерс

Тимот на Денвер го исфрли Лос Анџелес Лејкерс во првото коло од НБА плејофот со вкупни 4:1…