Дома Фудбал Лига на шампиони Кимих убеден дека Баерн ќе се пласира во полуфиналето

Кимих убеден дека Баерн ќе се пласира во полуфиналето

Фудбалерот на Баерн, Џошуа Кимих верува дека еговиот тим вечерва ќе избори пласман во полуфиналето на ЛШ.

Баерн загуби во првиот натпревар во Минхен со 3:2, но во Париз ќе се обидат да го анулираат недостатокот и сепак да дојдат меѓу четирите најдобри екипи во Европа.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Убеден сум дека ќе се пласираме понатаму, бидејќи сме подобар тим. Бевме подобри и во првиот натпревар, но за жал резултатот не го покажува тоа. Сепак, верувам дека ќе направиме пресврт во реваншот.“ – рече Кимих и додаде:

„Многу ќе зависи од нашиот менталитет, но и ефикасност. И во првиот натпревар покажавме добар менталитет, но овој пат мора да бидеме и ефикасни.“

Според кладилниците, Баерн е фаворит иако игра со истиот ривал кој пред една недела го порази на свој терен.

Баерн беше во слична ситуација и во 2018. година кога во полуфиналето против Реал на свој терен загуби со 2:1, но испадна после 2:2 во реваншот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Гвардиола жестоко нападнат поради изјавата за Палестина: Нека си го гледа фудбалот…

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, се соочува со остри критики од страна на „Совет…