Дома Фудбал Англија Солскјер за глумата на Сон: Ако мојот син го направи тоа подоцна нема да добие за јадење

Солскјер за глумата на Сон: Ако мојот син го направи тоа подоцна нема да добие за јадење

Манчестер Јунајтед на гостински терен вчера го совлада Тотенхем со 1:3 во дербито од 31. коло во Премиер лигата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Црвените ѓаволи“ успеаа да дојдат до три бода на тешкото гостување и тоа после пресврт. Но, деталот кој го обележа мечот се случи во 35. минута кога беше поништен гол на Кавани. Тогаш судијата после прегледувањето на ВАР снимката го поништи голот затоа што Мектоминеј со рака го закачи Сон пред голот да биде постигнат.

Сон се валкаше по теренот како да го удрил тенк, а после натпреварот

Солскјер даде интересен коментар на оваа ситуација.

„Грешка е што воопшто ја гледаше таа ситуација, тоа беше чист гол. Ако мојот син остане да лежи после такво нешто три минути и десет пријатели му помагаат да стане подоцна нема да добие ништо за јадење“, изјави Солскјер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Милиони потписи за исклучување на Аргентина од Светското првенство

Повеќе од пет милиони луѓе веќе учествувале во петицијата, која има за цел исклучување на …