Дома Фудбал Куман: Оштетени сме, ВАР требаше да реагира

Куман: Оштетени сме, ВАР требаше да реагира

Реал Мадрид синоќа победи во „Ел Класико“ со 2:1 и направи завршницата во Ла Лига да биде супер интересна.

И овој дуел помеѓу Барса и Реал не помина без контроверзна ситуација, бидејќи во 83-та минута Каталонците бараа пенал после дуелот меѓу Менди и Брајтвајт.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Тренерот на Каталонците, Роналд Куман после мечот се жалеше на судењето и тврди дека неговиот тим бил оштетен.

„Не сакам да кажам дека загубивме поради судиите, зашто не бевме доволно добри во првото полувреме. Не разбирам како помошниот судија не виде пенал за нас и зошто ВАР не реагираше. Судијата не може да види, но постои ВАР за такви ситуации“, истакна Куман, кој протестираше дека мечот бил продолжен само 4 минути.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јирген Клоп прифати работа, се враќа на стадионите!

Клоп ја напушти екипата на Ливерпул на крајот од сезоната 2023/24 по легендарниот период ш…