Дома Фудбал Тадиќ: Ова боли, ми дојде да заплачам

Тадиќ: Ова боли, ми дојде да заплачам

Ајакс синоќа загуби од Рома со 1:2 во четвртфиналето од Лига Европа, а трагичар на мечот беше Душан Тадиќ.

Србинот промаши пенал за домаќините при резултат 1:0 во 53-та минута, а после поразот не го криеше разочарувањето.

„Ова ме боли, дали би можел да заплачам? Секако дека би можел, фудбалот е емоција. Секако дека требаше да биде 2-0. Не очекував дека ќе промашам, но потоа имавме доволно шанси да постигнеме гол. Ги промашивме и пристигна казната. Го заслуживме тој резултат, но ова е добра лекција. Мора следната недела да победиме во реваншот“, изјави Тадиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Македонските младинки со 20 фудбалерки ќе бркаат враќање во Лига А

Кирил Изов го избра составот за квалификацискиот турнир во Стара Пазова. Македонија ќе се …