Дома Фудбал Рамос: Ако Меси не беше во Барса, Реал ќе имаше повеќе трофеи

Рамос: Ако Меси не беше во Барса, Реал ќе имаше повеќе трофеи

Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос верува дека можел да освои повеќе трофеи со „кралевите“, ако Лионел Меси не бил во тимот на Барселона.

35-годишниот дефанзивец има четири трофеи во Лигата на шампиони, како и 5 титули во Примера.

Меси во истиот период освои 4 трофеи во ЛШ и дури 10  титули во Примера.

„Страдавме од Меси во сите овие години. Можеби ако Барселона го немаше Меси, ќе освоевме повеќе трофеи. Имаше периоди во кои се боревме против најдобрата Барселона во историјата“.

„Имавме голем тренер како Мурињо, но сепак ни беше тешко да победуваме. Не освојувавме многу и имаше голем притисок, кој беше создаден од нив, но и од самите нас“, открива Рамос во својот документарен филм.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ред Булс го запре Меси: Крај на голгетерската низа и пораз за Интер Мајами

Лионел Меси остана без гол првпат во последните 13 настапи во регуларната сезона на МЛС, а…