Министерството за спорт на Романија денес донесе важни одлуки за натпреварите од Европското првенство.
Македонија два натпревари, против Украина и Австрија, ќе ги одигра во Букурешт, а денес беше одлучено на трибините да бидаѕ допуштени 13.000 гледачи, односно 25 отсто од капацитетот на Националната Арена.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Секој навивач кој ќе сака да влезе на трибините, ќе треба да достави доказ дека не е инфициран со коронавирус, или дека примил вакцина.
Меѓутоа, за македонските навивачи патувањето во Романија ќе биде комплицирано, бидејќи секој странски навивач не може да се задржува повеќе од 48 часа во Романија.
УЕФА допрва треба да реши колку Македонија ќе добие билети за двата меча од овие 13.000 што се на располагање.
Автор: Петре Кузманоски