Дома Фудбал Меси за судијата: На сите начини се обидува да ми даде жолт картон

Меси за судијата: На сите начини се обидува да ми даде жолт картон

Фудбалерите на Барселона вчера на свој терен потешко од очекуваното го победија Ваљадолид со 1:0.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Каталонскиот клуб успеа да дојде до победа со гол во 90. минута кога погоди Осман Дембеле.

Многумина сметаат дека судијата до некаде им помогна на Каталонците да дојдат до трите бода (двете спорни ситуации можете да ги погледнете тука).

Сепак, ниту во Барселона не се баш најзадоволни од судиењето.

Имено, на полувремето камерите го снимија Меси како на делегатот на Барселона Карлес Навал му зборува за судијата.

„Овој судија сака да ми даде жолт картон, се обидува во тоа на сите начини, неверојатно“, зборува Меси.

Ќе потсетиме, Меси беше под закана ако добие жолт картон со Ваљадолид да го пропушти „Ел Класико“ кое на програмата е наредниот викенд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Земјотрес“ на Островот: Гигант тргна по Бруно Фернандеш, понудени 50 милиони евра на Јунајтед, а на Португалецот дури 105!

Манчестер Јунајтед може да се соочи со една од најголемите трансфер приказни ова лето, отк…