Дома Фудбал Лига на шампиони Бенитез за дуелот помеѓу Реал и Ливерпул: Една работа ќе биде клучна!

Бенитез за дуелот помеѓу Реал и Ливерпул: Една работа ќе биде клучна!

Искусниот шпански стратег Рафа Бенитез даде свое мислење за престојниот дуел во Лигата на шампиони помеѓу Реал Мадрид и Ливерпул.

Бентиез смета дека празните трибини ќе бидат предност за Реал, но тврди дека клучно ќе биде кој ќе го наметне своето темпо на игра.


Роналдо и со 39 години ја предводи Португалија! ↓↓↓


„Мислам дека празните трибини повеќе му одговараат на Реал, тие имаат мала предност. Атмосферата на Енфилд може да им помогне многу на домаќините, но сега тие играат без навивачи поради пандемијата. Најдобар пример за атмосферата на Енфилд е пресвртот против Барселона со оние 4:0“, истакна Бенитез.

„Ливерпул ќе сака да игра брзо, а Реал ќе се обиде да ја успори играта. Тоа ќе биде клучно – тимот кој ќе го наметне своето темпо веројатно ќе победи“, додаде Шпанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Прво изненадување: Словачка ја нокаутира Белгија🎥

Репрезентацијата на Словачка го приреди најголемото изненадување до сега на Европското прв…