Иднината на Ерлинг Халанд е една од „најжешките“ теми на трансфер пазарот, па се очекува напаѓачот сигурно да ја напушти Борусија Дортмунд.
Неговиот менаџер Мино Раиола заедно со тактото Инге Халнд веќе имаа разговори со неколку клубови кои сакаат да го ангажираат.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Раиола во четвртокот имаше преговори со Барселона и Реал Мадрид, а потоа на ред дојдоа тимовите од Англија, но шпански „АС“ смета дека Халанд сака да игра за „кралскиот“ клуб.
Иако Барселона сака да го ангажира, сепак финансиите би можеле да бидат проблем, а „АС“ пишува дека Халанд од самиот почеток сака да оди во Реал Мадрид, но во прилог не му оди тоа што го прави Раиола.
Раола сака да се натпреваруваат клубовите со цената и на крајот да извлече што е можно повеќе пари, а Реал не сака да наседнува на неговата „игра“.