Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми ги сподели впечатоците после историската победа на Македонија против Германија.
Адеми тврди дека после ваков успех на Македонија ќе и биде многу полесно и на Европско првенство.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Голема победа за сите нас. Верувавме во тоа и заслужено победивме. Кога во нешто веруваш, тогаш можеш и да го оствариш. Имаме одлична генерација. Свесни сме за нашиот квалитет и тоа е најважно за нас. За нас беше значајно да им покажеме на сите дека може да победуваме и против големи репрезентации. Мислам дека сега ќе ни биде полесно против Австрија, Украина и Холандија на Европското првенство“, истакна Адеми.
„Штета што не минавме подобро во Романија. Со барем еден бод од оваа средба ќе бевме во многу подобра ситуација во квалификациите за СП 2022. Но добро е и вака, нашата цел беше второто место во групата, да избориме место во баражот. Амбициите постојано растат, сега гледаме колку вредиме. За време на мечот добив силен удар од Ридигер. По мечот видов дека имам околу 14 расекотини на ногата. Но, тоа не е некоја повреда поради која треба да паузирам. Ќе биде се во ред, спремен сум за нови предизвици“, додаде Адеми.