Дома Топ вести Се „крчка“ голем трансфер: Раиола и таткото на Халанд летнаа за Мадрид

Се „крчка“ голем трансфер: Раиола и таткото на Халанд летнаа за Мадрид

Денес како „бомба“ одекна веста дека менаџерот Мино раиола и  таткото на Ерлинг Халанд пристигнаа во Барселона на преговори со претседателот на каталонскиот клуб.

Мино Раиола и Инге Халанд беа фотографирани како пристигнуваат во Баселона, а потоа беа на средба со претседателот на клубот, Жоан Лапорта.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Каталонски „Спорт“ пренесува дека Лапорта го претставил новиот проект Барселона, па клубот од „Камп Ноу“ сега е сериозен кандидат за неговиот потпис.

Меѓутоа, Раиола тука не застана, па со приватен авион замина во Мадрид, заедно со таткото на фудбалерот, Унге Халанд.

Двајцата таму ќе имаат средба со Флорентино Перез, за да ја видат понудата и проектот кој ќе им го претстави Реал Мадрид.

Халанд е еден од најбараните европски фудбалери и интерес за него покажуваат многу европски гиганти, но сепак шпанските клубови се чини дека се фаворити за неговиот потпис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Пикси го објави конечниот список: Ова се фудбалерите со кои Србија оди на ЕП

Селекторот на Србија, Драган Стојковиќ – Пикси го објави списокот на фудбалери за Ев…