Дома Топ вести Борусија Дортмунд се огласи за преговорите на Халанд

Борусија Дортмунд се огласи за преговорите на Халанд

Попладнево менаџерот и таткото на Ерлинг Халанд пристигнаа во Барселона на преговори со претседателот на каталонскиот клуб.

Мино Раиола и Инге Халанд беа фотографирани како пристигнуваат во Баселона, а медиумите тврдат дека ќе преговараат за трансфер на голгетерот на „Камп Ноу“.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Оваа вест е главна тема во сите спортски медиуми, па јавно се огласија од Борусија Дортмунд и ја кажаа својата позиција.

„Вчера се слушнав со Раиола. Јасно му ја кажав нашата позиција дека не сакаме да го продаваме Халанд ова лето“, изјави спортскиот директор на Дортмунд, Михаел Цорк.

Во договорот на Халанд има откупна клаузула од 75 милиони евра која ќе се активира следното лето, па Дортмунд може да добие повеќе пари доколку го продаде ова лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…