Дома Фудбал УЕФА одлучи: На Европското првенство ќе има пет измени

УЕФА одлучи: На Европското првенство ќе има пет измени

Репрезентациите на Европското фудбалско првенство ќе можат да извршат по пет измени во текот на секој натпревар, соопшти денеска Европската куќа на фудбалот.

Правилото кое се воведе во услови на пандемијата со Ковид-19 е важечко и во актуелните квалификации за настап на Мундијалот во Катар, па УЕФА реши да ја прошири примената и за ЕП.

УЕФА објави дека правилото останува важечко се додека пандемијата на коронавирусот влијае на мечевите и натпреварувањата.

Ова е добра вест за селекторот на македонската репрезентација, Игор Ангеловски, кој на натпреварите од ЕП ќе има повеќе опции.

Автор: Петре Кузманоски

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Давид Денковски најде нов клуб: ќе го чува голот на Фулгафјордур во 2027

Македонскиот голман ја продолжува кариерата во ИФ Фулгафјордур. Ангажманот е за сезоната 2…