Во терминот од 18:00 часот беа одиграни два натпревари од квалификациите за СП 2022 година.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Херој на Србија беше Александар Митровиќ кој постигна два гола во 16. и 81. минута. За Азербејџан гол постигна Махмудов од пенал во 59 минута.
За Србија ова е втора победа од трите натпревари одиграни натпревари. Покрај денешниот триумф против Азербејџан, Србија славеше и против Ирска, а одигра реми со Португалија.
Во групата Х видовме изненадување.
Кипар со минимални 1:0 ја совлада Словенија и така им направи проблеми на Словенците во борбата за првите две места во групата. Мрежата на Словенија ја погоди Питас во 42. минута.