Дома Македонски спорт Ангеловски: Моите момци секогаш се најдобри против репрезентации како Германија

Ангеловски: Моите момци секогаш се најдобри против репрезентации како Германија

Селекторот на репрезентацијата на Македонија, Игор Ангеловски денес зборуваше на прес-конференцијата пред утрешниот дуел со Германија.

Ангеловски очекува добар натпревар и достоен отпор на Германците.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Германија е фаворит во тоа нема дилем. Меѓутоа моите момци токму против репрезентации како Германија знаат да одиграат најдобро. Верувам во нив. Сигурно нема да биде лесно, како што кажав фаворити се, но и ние имаме што да покажеме. Ова е трет натпревар во овој циклус, тие одморија неколку играчи со Романија, но и ние тактизиравме со Лихтенштајн. Ќе влеземе спремни во мечот“, изјави Ангеловски.

Адеми и Велковски како што изјави селекторот се уште се повредени, но конкурираат за место во стартниот тим. Одлуката ќе биде донесена по денешниот тренинг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Посакуваниот напаѓач потпиша за Јувентус

Јувентус официјално објави дека го привлекол напаѓачот Џонатан Дејвид. Канадскиот репрезен…