Пред неколку дена се шпекулираше, но Миралем Пјаниќ нема намера да ја напушти Барселона после само една сезона.
Босанскиот играч за врска изминатото лето дојде во Барселона во размената со Јувентус, но Роналд Куман не смета премногу на неговите услуги.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сега Пјаниќ бара од Куман да му даде два-три натпревари да одигра во континуитет.
„Би го замолил Куман да одиграм два-три натпревари во континуитет. Тоа е она што му треба да на секој фудбалер. Ќе продолжам да работам и да ја чекам својата шанса. Верувам дека наскоро ќе добијам шанса да бидам од корист“, изјави Пјаниќ.