Дома Фудбал Италија Стигна потврда од Италија: ЕУРО 21 ќе биде отворено пред публика

Стигна потврда од Италија: ЕУРО 21 ќе биде отворено пред публика

Габриеле Гравина, претседателот на италијанскиот фудбалски сојуз потврди дека отварањето на Европското првенство помеѓу Италија и Турција ќе се игра пред гледачи.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Европското првенство кое беше одложено од минатата за оваа година ќе се биде отворено на 11. јуни на стадионот „Олимпико“ каде што ќе гостува Турција.

Денес Гравина потврди дека тој дуел ќе се игра пред публика, но дека не знае колку.

„Не знам колку, но сигурно ќе има публика на тој натпревар“, изјави првиот човек на италијанскиот фудбал.

Италија е една од 12. земји домаќини на ЕУРО. Во групата на Италија и Турција се уште Швајцарија и Велс.

Ќе потсетиме, пред неколку дена и Данска потврди дека на натпреварите кои ќе се играат во нивната земја ќе има најмалку 11.000-12.000 гледачи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ќе може ли Ериксен да продолжи да игра фудбал? Еве што вели докторот

По драматичните моменти на натпреварот помеѓу Данска и Украина, Кристијан Ерксен наскоро т…