Селекторот на македонската репрезентација, Игор Ангеловски на денешната пресконференција ги истакна своите очекувања за утрешниот меч против Романија во квалификациите за Светско првенство.
„Најпрвин, наискрени желби за брзо опоравување од вирусот со Ковид – 19 до мојот колега од романската репрезентација. Ја респектираме романската селекција, имаат одлични фудбалери, но ние повтрдивме и во Лига на нации и во претходните квалификации дека можеме да се носиме со силни противници и не гледам причина да не биде така и утре. Доаѓаме во една пријателска земја, носиме и емоции затоа што Букурешт ќе биде наш дом и на Европското првенство и верувам дека тоа ќе ни биде добар мотив за квалитетен натпревар“.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Утре со Романија ќе бидеме противници на терен, но Букурешт како наш дом за Европското првенство посакувам да ни ја даде сета поддршка во јуни. Посакувам како наш пријателски народ, романците да ни дадат безрезервна поддршка на ЕП. Сега сме фокусирани на утрешниот дуел и желбата позитивно да ги стартуваме новите квалификации“, изјави Игор Ангеловски на пресконференцијата.
Фото: ФФМ