Дома Фудбал Италија Конте на лето го напушта Интер

Конте на лето го напушта Интер

Антонио Конте на лето може да го напушти Интер доколку сопствениците на клубот не му гарантираат засилувања за следната сезона.

Конте и минатото лето имаше несогласувања со раководството, но остана во Интер и е на добар пат да го освои Скудетото.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Сепак, „Тутоспорт“ тврди дека Конте е уморен од ситуацијата која се случува во клубот и финансиската криза, па на лето е спремен да ја промени средината.

Сопствениците на клубот, компанијата „Сунинг“ не може да му даде гаранции за наредната сезона и тоа е голем проблем за Конте.

„Тутоспорт“ тврди дека Манчестер Јунајтед и Тотенхем будно ја следат ситуацијата, а и самиот Конте е спремен да се врати на Островот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Не издржа долго без фудбал: Гомез се враќа и ќе игра повторно во Италија!

По кратко време без фудбал, Алехандро “Папу” Гомез повторно ќе игра на професи…