Дома Топ вести Абидал: Имавме договор со Нејмар, но Бартомеу одлучи да го купи Гризман

Абидал: Имавме договор со Нејмар, но Бартомеу одлучи да го купи Гризман

Поранешниот спортски директор на Барселона, Ерик Абидал во интервју за британски „Телеграф“ открива како пропадна трансферот на Нејмар во 2019 година.

Абидал беше директор во Барселона во мандатот на Жосеп Бартомеу, па откри детали од неговиот престој на „Камп Ноу“.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Десет дена пред крајот на преодниот рок бев во Париз да разговарам со Леонардо, со мене беше и извршниот директор Грау и зборувавме за Нејмар. Мислам дека ако извршниот директор доаѓа во ПСЖ, тоа е затоа што можеме да го потпишеме. Ако претходно не го донесовме Гризман, мислам дека 100 проценти можевме повторно да го потпишеме Нејмар, бидејќи ни беше потребен крилен напаѓач. Меѓутоа, претседателот одлучи да потпише со Гризман“, открива Абидал.

Абидал откри дека после отказот на Ернесто Валверде сакал да го донесе Покетино на „Камп Ноу“, но бил одбиен од страна на Управниот одбор.

„После отказот на Валверде јас сакав Маурицио Покетино да биде наш тренер, на управниот одбор му реков дека мора да го донесеме најдобриот тренер кој е на пазарот. Покетино го однесе Тотенхем во финалето на ЛШ, играчите го почитуваат, но добив одговор дека тој поранешен тренер на Еспањол“, открива Абидал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

ВМФЛ: Победи на фаворитите, „лавовите“ најубедливи

На македонските фудбалски терени денеска се играа натпревари од 15. коло во Втората лига. …