Дома Фудбал Останато Како Ибрахимовиќ ја добил 11-ката во Шведска: Еве ти ја ама да ми ја вратиш за шест-седум години

Како Ибрахимовиќ ја добил 11-ката во Шведска: Еве ти ја ама да ми ја вратиш за шест-седум години

Златан Ибрахимовиќ се врати во репрезентацијата на Шведска и ќе го носи дресот со број 11.

Ибрахимовиќ неочекувано на 39 години се реши повторно да игра за Шведска, а одлучи сега да го носи дресот со број 11. Тој дрес во репрезентацијата му припаѓаше на младиот Александар Исак, но сега ќе го носи Ибра.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Кога Ибрахимовиќ заврши со играњето за репрезентацијата во 2016 година после Европското првенство го носеше дресот со број 10, тој број сега е на грбо на Емил Форсберг.

„Форсберг ми ја нудеше 10-ката назад, но јас сакав да носам 11. Се чувстував како да е ова некој нов Златан. Значи, ќе почнам со бројот 11, иако тие не ми се многу важни“.

11-ката Ибрахимовиќ ја побарал од Александар Исак кој му одговорил:

„Еве ти го мојот број, но сакам да ми го вратиш кога ќе завршиш со играњето за шест-седум години. Се надевам ќе ми го вратиш“.

Тој одговор го насмеал Ибра, но и сите во репрезентацијата кои го слават враќањето на Ибрахимовиќ во квалификациите за Светското првенство. Шведска квалификациите ќе ги започне во четврток против Грузија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Дамфрис во Интер до 2028 година

Холандскиот репрезентативец Дензел Дамфрис го продолжи договорот со Интер до јуни 2028 год…