Манчестер Јунајте веќе прави планови за летни трансфери, а еден од играчите за кои се силно заинтересирани „црвените ѓаволи“ е Педро Нето од Вулверхемптон.
Приоритет на Солскјер во летниот преоден рок ќе биде засилување на крилните позиции.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Прва мета е Џејдон Санчо, но Борусија Дортмунд бара висока сума за неговата слобода, па како алтернатива се споменува Педро Нето.
Нето би чинел двојно поевтино од Санчо и за него Манчестер Јунајтед би требало да издвои сума од околу 50 милиони евра.
21-годишниот Португалец игра одлична сезона и на 33 настапи има постигнато 5 гола и 4 асистенции, а интерес за него покажуваат и други европски гиганти.