Дома Фудбал Куман: Не верувам дека нема да изгубиме натпревар до крај

Куман: Не верувам дека нема да изгубиме натпревар до крај

Тренерот на Барселона, Роналд Куман по високата победа против Реал Сосиедад истакна дека за него тоа било совршен роденски подарок (6:1).

„Одигравме фантастичен натпревар иако беше тешко да постигнеме прв гол. На 2:0 воспоставивме апсолутна доминација и бевме одлични напред. Играчите ми дадоа совршен роденски подарок“, изјави Куман.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


На 10 кола до крајот Барселона е втора на табелата со четири бода помалку од Атлетико Мадрид.

„Не верувам дека нема да изгубиме натпревар до крајот. Не чекаат тешки ривали. Се што можеме да направиме е да продолжиме да играме на овој начин. Само така можеме да освоиме нешто“, јасен беше Холанѓанецот.

Каталонсиот клуб во наредната рунда на 5. април ќе игра игра против Ваљадолид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лапорта откри каква ќе биде судбината на Флик на клупата на Барселона

Германскиот тренер Ханси Флик ќе остане тренер на фудбалерите на Барселона до јуни 2028 го…