Во дербито на 28. коло во Серија А Наполи во Рим славеше победа против Рома со 0:2 и со овој пораз „волчицата“ дополнително е одалечи од пласманот во Лигата на шампионите.
Рома уште еднаш потфрли во натпревар со екипата од врвот на табелата, а овој пораз ги покажа сите слабости во римскиот тим.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Пласманот во Лигата на шампионите изгледа како тешка мисија и за тоа е свесен португалскиот стратег, Паоло Фонсека.
„Веројатно немаме менталитет да се бориме за Лигата на шампионите. Во првото полувреме видов тим без храброст и ментално ранлив, а после паузата се беше сосема спротивно. Се на се, ова не е игра која сакаме да ја играме. Во првото полувреме не успеавме бидејќи ни недостасуваше храброст. Сите сме одговорни за ова што ни се случува“, изјави Фонсека.