Кристијано Роналдо е најпопуларниот фудбалер на денешницата и затоа не чуди што е идол на многу деца.
Голем навивач на Роналдо е и синот на Алан, сегашниот играч на Евертон кој зад себе има неколку одлични сезони во дресот на Наполи.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Бразилецот рече дека во неговиот дом има само еден дрес од Роналдо и тоа оној со кој Португалецот настапуваше за Реал.
„Мојот син е негов навивач, но во својот дом не го сакам дресот на Јувентус и затоа ја носи само “седмицата“ од Реал Мадрид.“ – вели Алан.
„Добро е да го имате Роналдо како спортски идол. Децата секогаш сонуваат да постигнуваат голови и да бидат напаѓачи, мојот син не е исклучок.“ – додаде бразилскиот фудбалер.
Алан во дресот на Наполи настапуваше од 2015. до 2020. година од каде премина во екипата на Евертон предводена од Анчелоти.