Дома Фудбал Куман: Халанд? Немаме сега време за тоа

Куман: Халанд? Немаме сега време за тоа

Норвешкиот напаѓач Ерлинг Халанд судејќи според се на лето ќе биде еден од најбараните играчи во светот.

Фантастичниот голгетер на Борусија Дортмунд игра фантастично и оваа сезона, беше стрелец за Борусија и денес во Бундеслигата, а редовно постигнува голови и во Лигата на шампионите.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Марка“ денес објави дека Халанд донел одлука кариерата да ја продолжи во Реал Мадрид и тоа го соопштил на Раиола, сепак неговото име се поврзува и со Барселона. Прашање на оваа тема денес доби стратегот на Каталонците Роналд Куман.

„Немам време да разговарам за фудбалерите кои не се наши играчи, ги почитувам другите клубви. Не сакам да го правам тоа затоа што и имаме поважни работи. Мораме да се насочиме на играчите кои ги имаме и предизвиците кои не очекуваат. Ќе дојде време кога ќе разговараме како треба да го подобриме тимот“, изјави Куман.

Треба да се спомене дека новиот стратег на Барселона ја има поддршката од новиот претседател Жоан Лапорта.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ново уште поскандалозно откритие за судијата кој беше отпуштен поради Ливерпул и Клоп

Поранешниот судија од Премиер лигата, Дејвид Кут, повторно се соочува со сериозни проблеми…