Дома Фудбал Англија Погба: Местото на Манчестер Јунајтед и Милан е во Лигата на шампионите

Погба: Местото на Манчестер Јунајтед и Милан е во Лигата на шампионите

Maнчестер Јунајтед го елиминираше Милан од Лигата на Европа во четвртокот.

После реваншот 1:1 во Манчестер, во Милано „црвените ѓаволи“ славеа со 0:1. Единствениот гол на натпреварот го постигна Пол Погба. Французинот порачува дека против Милан сака да игра повторно, но во Лигата на шампионите затоа што местото според него на двата клуба е таму.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Сакам да играм повторно со Милан, но во Лигата на шампионите, местото на овие два клуба им е таму. Среќен сум што победивме и што ја продолжуваме нашата епизода во Европа. Мило ми е што се видов со Златан, тој е лидер и мотив за секој фудбалер. Неверојатно е тоа што во таква форма игра на 40 години“, изјави Погба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Зидан: Сигурно ќе се вратам, сакам да ја водам Франција

Зинедин Зидан потврди дека сака да стане селектор на Франција. Тој не работи веќе повеќе о…