Дома Фудбал Англија Лукаку во своето прво интервју ги освои сите симпатии на навивачите на Јунајтед

Лукаку во своето прво интервју ги освои сите симпатии на навивачите на Јунајтед

Белгискиот напаѓач Ромелу Лукаку одлучи својата кариера да ја продолжи во дресот на Манчестер Јунајтед.

Лукаку по четири сезони ќе го напушти Евертон и иако се шпекулираше дека ќе се врати во Челзи на крајот, овој Белгијанец одлучи да ја прифати понудата на Манчестер Јунајтед. „Црвените ѓаволи“ вчера официјално соопштија дека Лукаку е нов играч на овој клуб, и дека платиле 75 милиони фунти.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Белгијанецот го направи и првото интервју како фудбалер на Манчестер Јунајтед, и одлучи да одговори на прашањето зошто го избра овој клуб. Изгледа дека со овој одговор, Лукаку ги купи симпатиите на навивачите на Јунајтед.

„Пристигнав во Манчестер Јунајтед бидејќи тоа е најголемиот клуб во светот. Овој клуб е гладен за титули и повторно сака да доминира во светот. Ова е шансата која ја чекам од детството. Не можете да кажете НЕ на најголемиот клуб во светот. Јунајтед има најдобар стадион и навивачи и имам одлична шанса за да се докажам“, изјави Лукаку.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Алегри не се откажува од идејата да го донесе Влаховиќ во Милан

Милан воспостави нов контакт со Душан Влаховиќ, бидејќи Макс Алегри сака повторно да работ…