По традиција францускиот весник „Екип“ ги откри платите на најплатените фудбалери во нивниот шампионат.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Очекувано, најплатени се ѕвездите на ПСЖ на чело со Нејмар, кој заработува нешто повеќе од 3 милиони евра месечно, а потоа следува Мбапе со неполни 3 милиони евра бруто.
Доказ за финансиската моќ на „светците“ е фактот што во Топ 10 најплатени фудбалери, дури 8 играат во ПСЖ. Клубот месечно издвојува 800.000 евра за плати, што е четири пати повеќе од Марсеј кој издвојува 200.000 евра, Монако е трет со 185.000, а Лион издвојува по 145.000 евра месечно за плати.
Топ 10 најплатени фудбалери
1. Нејмар (ПСЖ) – 3.060.000 евра месечно
2. Килијан Мбапе (ПСЖ) – 2.098.000
3. Маркињос – (ПСЖ) 1.200.000
4. Марко Верати (ПСЖ) – 1.200.000
5. Анхел Ди Марија (ПСЖ) – 1.100.000
6. Кејлор Навас (ПСЖ) – 1.000.000
7. Мауро Икарди (ПСЖ) – 800.000
8. Леандро Паредес (ПСЖ) – 750 000
9. Хуан Бернат (ПСЖ) – 700.000
10. Пресенел Кимпембе (ПСЖ) – 670.000