Дома Фудбал Официјално потврден терминот за второто Ел Класико оваа сезона

Официјално потврден терминот за второто Ел Класико оваа сезона

Оваа година во Шпанска Примера се води можеби најинтересната трка за титулата од сите пет најдобри лиги.

Раководството на оваа лига потврди дека дуелот помеѓу Реал Мадрид и Барселона ќе се одигра на 10. април од 21 часот.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Токму овој натпревар може да го даде одговорот на прашањето кој ќе отпадне од трката за титулата, со оглед на тоа дека големиот ривал Атлетико Мадрид е лидер со 63 бода.

Каталонците се втори со четири бода помалку, а Кралевите се едно место подолу со шест бода минус во однос на лидерот.

Распоредот е таков што Реал овој дуел ќе го одигра во најтешкиот можен момент со оглед на тоа дека ќе игра помеѓу двата натпревари од четвртфиналето во ЛШ.

Во првото Ел Класико оваа сезона Реал на Камп Ноу славеше со 3:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал го плати 50 милиони евра, па го продава по една сезона

Реал Мадрид под новото водство на тренерот Чаби Алонсо отпочнува нова фаза. Тимот покажува…