Дома Фудбал Tухел: Сигурен сум дека никој не сака да игра против нас

Tухел: Сигурен сум дека никој не сака да игра против нас

Челзи вчера на „Стенфорд Бриџ“ го совлада Атлетико Мадрид со 2:0 и така го обезбеди пласманот во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Одлично на клупата на „сините“ работи Томас Тухел кој е непоразен 13 натпревари од кога дојде на местото на Френк Лампард.

Откако неговиот тим го надигра целосно Атлетико, Тухел е сигурен дека ниту еден тим не сака да игра против нив.

„Убеден сум дека никој нас не не сака за противник, а ние не се плашиме од никој. Најважно е што чувствуваме дека ова го заслуживме. Одигравме одличен натпревар и комплетната екипа имаше неверојатен пристап“, изјави Тухел.

Челзи ривалот во четвртфиналето ќе го дознае во петок за кога е закажана ждрепката.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јашароски со хет-трик за 22 минути, Илинден му даде шест гола на Перпарими

Илинден победи со 6-0 на гостувањето кај Перпарими, а Ален Јашароски ги постигна првите тр…