Тимот на Вардар денес беше поразен на гости кај Нексе во рамките од СЕХА лигата, за црвено-црните ова беше втор пораз во четвртиот натпревар.
Проблем за Вардар и во овој натпревар беше слабата игра во одбранатра, скоро 40 гола примени од Нексе се навистина премногу. Домаќините водеа во најголемиот дел од натпревар Вардар само неколку пати имаше водство од по еден гол разлика. Во првото полувреме вардарци водеа два пати 9:10 и 10:11. На пауза се замина со 15:14 за Нексе.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во вториот дел гледавме слична игра со многу постигнати, натпреварот беше решен кога Нексе направи серија од 6:1 и водеше со 34:28. На крајот домаќинот го доби натпреварот со 36:32.
Најефикасен кај Вардар беше Дибиров со девет гола, Ристовски имаше осум одбрани и еден погодок.